March 28, 2024, 11:43 am

БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ НА ДРЖАВАТА Е РАСТУРЕН: Мухамед Зекири и двајца оперативци од Агенцијата за разузнавање пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Безбедносниот систем на државата претрпува силни удари, рече претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов во неговото денешно обраќање, појаснувајќи дека постојат големи безбедносни и разузнавачки пропусти

 

Кратко потоа, на социјалните мрежи се појави фотографија од потпретседателот Мухамед Зекири во друштво на уште две лица, направена пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, со краток текст „Некому ќе снема @БатеријаМК ;)“.

На фотографијата заедно со Зекири се двајца вработени во Агенцијата разузнавање, лицата со иницијали Џ.М. и Ш.Р. кои пак претходно го придружуваа Зекири на „службениот“ пат во косовско Качаник каде заедно со поголема група на оперативци на УБК и АР се поклонија пред гробовите на убиените терористи од „Диво Насеље“.

Тогаш, Зекири му се заблагодари на „Заев и Алах“ по повод враќањето на повторно судење на случајот „Монструм“ и ослободувањето на осудените убијци од Смилковско езеро.

Дали објавувањето на фотографијата со двајцата оперативци на АР веднаш по говорот на Иванов во кој потенцираше дека безбедносниот систем е под силен удар е резултат на тоа што овие тројца се пронашле во таквата констатација е непознато.

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This