БЕЗБЕДНОСТА НА НАЈВИСОКО НИВО: Специјалци, хеликоптери, посебен сообраќаен режим – Скопје утре ќе биде под „опсада“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалци од копно и од воздух, посебен сообраќаен режим, највисоки мерки на безбедност за утрешниот процес Брдо Бриони во Скопје.

Специјалци од копно и од воздух, посебен сообраќаен режим, највисоки мерки на безбедност за утрешниот процес Брдо Бриони во Скопје. Претседателот Ѓорге Иванов, домаќин на претседателот на Европскиот совет, седум шефови на држави и еден премиер. Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ со највисоки државни почести денеска Иванов ја пречека во Скопје.

На процесот освен хрватската претседателка, најавено е присуството и на претседателите на Словенија Борут Пахор, на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на Албанија, Илир Мета, на Косово, Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Специјални гости на состанокот, во Скопје ќе бидат претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.По официјалниот дел, за гостите Иванов ќе приреди вечера. На менито македоснки специјалитети и домашни вина, за амбионетот задолжена групата Баквала. За утрешниот настан, има акредитирано 156 новинари, 116 од земјава и 40 од странство. Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на иницијатива на Претседателите на Словенија и Хрватска.

Главната цел на Процесот Брдо-Бриони, е европска интеграција на земјите од регионот и стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This