April 19, 2024, 11:27 pm

БЕЗОБЗИРЕН ЧОВЕК, БЕЗ СРАМ И ОБРАЗ ЃОН: Додека Македонија гори, две деца се борат за живот поради неговите партиски полицајци, Заев ужива на Беласица со скапите моторчиња!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека гори од Скопје до Охрид, и Ресен до Македонски Брод, Зоран Заев си ужива на падините на Беласица заедно со неговиот син, возејќи ги скапите мотори, безобзирно објавувајќи фотографии на неговиот ФБ профил, заборавајќи дека полициајта која тој ја постави пред неколку дена остави без сон две семејства чии деца беа застрелани без никаква причина

Огромен пожар вчера ја зафати шумата во близина на скопско Кондово. Дел од граѓаните исплашени ги напуштаа своите домови бидејќи постоеше сериозна опасност пожарот да стигне до куќите. Неговото разгорување беше потпомогнато од ветерот. Огнената стихија ниту по вчерашниот дожд не е стивната. Граѓаните велат дека барале помош четири дена, но никој не реагирал на нивните молби. Тие се гневни на Владата на Зоран Заев, градоначалникот Беким Мурати, како и новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, кој е надележен авионите за гасење да бидат пуштени на терен.

Претходно во Крива Паланка беа регистрирани три пожари за 10 часа, за кои Љупче Николовски уво не го боли, бидејќи во моментот се наоѓа на одмор во луксузните летувалишта во Шпанија, а пак партиските полтрони во министерството за шумарство и водостопантво воопшто немаат излезено на терен да ја видат големината на проблемот.

Повеќе од 20 дена гореше и Поречието, во пожар во кој настрадаа неколку села, речиси 20.000 хектари шума, куќи, штали и бачила. За целото време никој не најде за сходно да го реши проблемот.

Освен ова, трет месец како гори депонијата  во Струга, иако токму овој град даде три министри во владата на Заев од кои двајца екс-градоначалници на градот. Ваквата негрижа ги остави стружани без овогодинешниот профит од туризмот, а граѓните ги наполнија болниците поради труење од токсичниот чад.

И додека сето ова се случува, Зоран Заев безобзирно објавува фотогорафии на својот ФБ профил, фалејќи се дека ги возел скапите мотори на падините на Беласица заедно со неговиот син. Додека тој ужива во друштвото на неговото дете, токму во Струмица две семејства се без сон откако партиската полиција поставена од Оливер Спасовски со одобрение на Зоран Заев застрела две малолетни момчиња од кои едното е на интензивна нега на КАРИЛ, приклучено на апарати за дишење.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This