БЕЗОБРАЗЛУК: Војниците без основна опрема,Шеќеринска троши 80 000 евра за морски плодови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Место инвестиции во посилна и помодерна армија, Министерството за одбрана предводено од вториот човек во СДСМ, Радмила Шеќеринска, инвестира во елитистичките желби на министерката, како што се набавката на лешници и морски плодови.

Додека војниците бараат нова опрема, бидејќи во моментов немаат ниту основна, Министерството за одбрана распиша тендер за набавка на морски плодови вреден 80.000 евра, а претходно истото го направи и со тендер вреден 5.000 евра за набавка на апетисани.

Системот за јавни набавки открива го открива недомаќинското работење на Шекеринска, кое само потврдува дека Шекеринска нема намера да го напушти луксузниот живот иако е на власт. Жедта за луксуз ја задоволува со државни пари. Штедењето и кратењето на трошоците како што најавуваа пред да дојдат на власт, СДСМ веројатно само го промовира пред граѓаните, а во пракса по кабинетите на своите министри спроведува вистинско расипништво.

Министерството за одбрана –сектор логистика објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на риба и морски плодови. Според објавата на Електронскиот систем за јавни набав се работи за договор со проценета вредност од 4.860.952 денари или околу 80.000 евра без ДДВ.

СДСМ во текот на предизборниот период ветуваше дека парите на граѓаните нема да бидат трошени на непотребни набавки, но оти сега го гледаме токму спротивното. Но, граѓаните се гневни што сега го гледаат обратното. Додека пензионерите не го добиваат зголемувањето кое им следуваше според политиките на минатата власт, граѓаните се уште чекаат за ветените плати од СДСМ, дел од граѓаните се во страв дека ќе останат без работа поради политиките кои ги тера Владата на Заев и Шеќеринска кон странските инвеститори, Шеќеринска си се луксузира, покрај морските плодови вреди 80.000 евра пари на граѓаните, таа од истиот извор си купува и апетисани за 5.000 евра.

Инаку да потсетиме, од друга страна министерката за одбрана Радмила Шекеринска како пратеник на опозицијата гласаше против модернизација на АРМ и поевтинување на цената на станови за припадниците на АРМ, а денес како министерка нарачува лешници и бадеми во износ од 5.000 евра.

Шекеринска беше против ослободување од ДДВ за прометот на станови и станбени згради со примена на повластена даночна стапка на промет во висина од 5%, за намалување на трошоците на припадниците на АРМ за решавање на станбеното прашање во рамки на проектот „АРМ мој дом“, а денеска како министерка набавува морски плодови за неверојатни 80.000 евра кои ќе бидат платени од Министерството за одбрана.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This