БЕЗОБРАЗНО БОГАТИ: 26-те најбогати бизнисмени имаат пари колку и 4 милијарди најсиромашни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богатството на најбогатите луѓе во светот се зголемило во 2019 година за 25 отсто, но најсиромашните во светот не напредувале во истиот правец.

Првите 26 милјардери од листата на магазинот Форбс заедно поседуваат богатство од 1,4 трилиони долари. Со ова се доаѓа до тоа дека оваа група на најбогати луѓе на светот имаат пари колку и 4 милијарди најсиромашни, пишува Бизнис Инсајдер.

Ова се топ 5-те бизнисмени кои спаѓаат во групата на 26 најбогати луѓе кои имаат пари повеќе отколку половина од светската популација заедно.

Мајкл Блумберг
Богатство: 56,4 милијарди долари
Блумберг своето богатство го оствари благодарение на медиумската компанија Блумберг ЛП, која му носи приход од 10 милијарди американски долари годишно. Тој во моментов е најбогата личност во Њујорк и десетта меѓу најбогатите во светот.

Лари Пејџ
Богатство: 63,7 милиони долари
Поранешниот извршен директор на Алфабет и ко-основач на Гугл се најде на 9-то место на листата на најбогати во светот.

Карлос Слим и семејството
Богатство: 63,5 милијарди долари
Карлос Слим е сопственик на најголемата компанија за мобилни телекомуникации во Јужна Америка. Покрај тоа, тој поседува акции во многу бизниси – од рударство, преку недвижен имот, до Њујорк Тајмс. Тој е најбогат човек во Мексико.

Лари Елисон
Богатство: 65,6 милиони долари
Во 1977 година, Лери Елисон ја основа софтверската компанија Оракл, чиј почетен капитал изнесуваше 2.000 американски долари. Тој се повлече од функцијата извршен директор во 2014 година, но сепак е еден од водечките луѓе на компанијата.

Марк Закерберг
Богатство: 76,1 милијарди долари
Основачот и извршен директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, ја започна оваа социјална мрежа во неговата соба на Харвард пред 15 години и во тој период успеа да ја наведе на листата на најбогати луѓе во светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This