БЕЗ АЛБАНЦИ НЕМА ДА ПОСТОИ МАКЕДОНИЈА: Веби Џемаили смета дека треба да пропадне унитарниот систем во државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секако дека ќе имате албанско-македонска Влада, затоа што без нас нема да имате држава. Ако Албанците не учествуваат во државата вие нема да имате држава, тоа да ви биди јасно. Без Албанци нема да постои оваа држава, рече контроверзниот Веби Џемаили во дебатната емисија “Патот кон…“ на Алсат-м телевиззија.

Тој ова го кажа во однос на констатацијата на македонскиот дипломат, Ристо Никовски, дека Албанците ништо не ги става во инфериорна позиција, туку напротив во Македонија секогаш имало албанско, Албанците постојано велат дека се запоставени, а цело време се во влада, пола од министрите се албанци.

– Секако дека ќе имате затоа што без нас нема да имате држава. Ако Албанците не учествуваат во државата вие нема да имате држава, тоа да ви биди јасно. Без Албанци нема да постои оваа држава. Тоа да ви види јасно. Без нас нема да биде оваа Влада нема да постои оваа влада. Ние, да, сме дел од власт но клучат е кај вас, ние се уште служиме како декор, му одговори Џемаили на поранешниот македонски дипломат.

Конфронтациите меѓу Никовски и Џемаили продолжија и за законот за јазиците, за кој Никовски ќе му рече дека, Законот за јазикот, дефакто не носи никакви нови права за Албанците, туку врши диреткна реструктурација на основите, фундаментите на оваа држава. Законот не носи никакви права за обичниот албанец, иако често пати тоа се заговара, напротив, бара целосна реструктурација на државата, бинационалност, односно тоа е исчекор кон федерализација.
Во однос на ова услови на тензична дебата, Веби Џемаили одговара дека е против унитарниот систем на Република Македонија, и дека немало ништо лошо Македонија да биде федерација.

– Да јас сум против унитарниот систем на Македонија. Унитарниот систем треба што поскоро да пропадне. Што има лошо во федерација, бевме во федерација во Југославија, што имаше лошо. Имамвме голем стандард, сме живееле добро, рече Џемаили.
Меѓу другите контроверзни ставови кои ги истакна Џемаили во емисијата е и она кога вели дека, не смее да постои унитарен систем во една мултинационална држава, никаде во светот нема унитарен систем во една држава каде има мулнинациоанални народи, а како што тој вели ние сме ги викале малцинства. Тој ќе нагласи, не смее мулнинационална држава, со мултинационална култура и јазци да има унитарен систем.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This