March 28, 2024, 11:37 am

БЕЗ КОМЕНТАР: Во ера на компјутеризација и дигитализација СДСМ укинува факултети за компјутерски науки и инженерство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, политичката партија СДСМ нема никаков континуитет во своите ставови околу отворање на нови универзитети. Тој на денешната седница во Собранието на Р. Македонија ги праша колегите од СДСМ како може во ерата на компјутеризација и дигитализација да укинуваат факултети за компјутерска наука и инжинерство.

-Ако ги погледнеме ставовите и говорите на СДСМ во рок од три години, во однос на отворање на нови универзитети, навистина можеме да заклучиме дека апсолутно никаков политички континуитет во своите ставови нема оваа политичка структура што се однесува до високото образование. Ќе ве прашам колеги од СДСМ, нели Република Македонија имаше преголем број на универзитети, особено на тие што се имаат потпишано на оваа иницијатива. Нели на Република Македонија не и требаат уште универзитети, нели требаат реформи внатре на постоечките универзитети. Нели требаше да се направи анализа какви резултати даваат или какви кадри произведуваат постоечките универзитети. Од каде сега ова решение? Ова е предлог заради предлог. Некој локалпатриотизам заради квазипатриотизам. Да им појаснам на граѓаните за што станува збор или што предлага владеачкото мнозинство. Во ерата на компјутеризација и дигитализација на светско ниво, колегите од СДСМ предлагаат да се укинат постоечките факултети за компјутерска наука и инжинерство, како факултет за комуникациски мрежи и безбедност, факултет за применети информатички технологии, факултет за машинска интелегенција и роботика замислете, во Македонија не треба да постои. Исто така не треба да постои и факултет за информатички и комуникациски системи, визуелизација и мултимедија и анимација, рече Данев од говорницата.

Тој ги праша колегите од СДСМ зошто да не постојат овие факултети и зошто од овие пет факултети да направат еден.

-Јас секогаш ќе поддржам отворање на нови факултети и универзитети ако тоа е со соодветни норми и критериуми во предвидена законска рамка. Но, ова што го правите јас навистина незнам како да го дефинирам, освен како предизборен популизам. А ја обвинувавте предходната владеачка гарнитура за некаковси популизам. Предлагате да се укинат овие факултети, а предлагате да се основа факултет за општествени и хуманистички науки. Дали се сеќавате на вашите дебати во 2015-та и 2016-та година? Да е иронијата уште поголема ова го предлагате овој факултет да се основа во градот на УНЕСКО – Охрид. Па готово е со Охрид почитувани колеги. Вие не можете две дивоградби да срушите во Охрид. Зошто не ја срушите дивоградбата во Лагадин? Вие ветувавте дека ќе се борите против тоа вие ги манипулиравте граѓаните. Нели победувате во Охрид нели граѓаните ви даваат доверба. Еве срушете ја ние ќе ви дадеме поддршка. Ќе ја почекаме и јавната расправа со кредибилни луѓе, луѓе кои и суштински се елоквентни во оваа проблематика. Ќе ги слушнеме и нивните предлози и нивните идеи. И како партија ќе донесеме одлука по ова прашање, рече Данев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This