БЕЗ КОМЕНТАР: Димитров потпиша Глобалната заложба за слобода на медиумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Лондон на вториот ден од Меѓународната конференција за слобода на медиумите, во име на Македонија ја потпиша Глобалната заложба за слобода на медиумите.

Заложба со која земјите потписнички се обврзуваат да работат заедно во заштитата на слободата на медиумите.

Учесниците на Конференцијата се обврзаа да зборуваат и да дејствуваат заедно, формирајќи Коалиција за слобода на медиумите за поддршка и истакнување на фундаменталната важност на слободата на медиумите за безбедноста, просперитетот и благосостојбата на сите општества, во здружување на напopите за споделување информации и преземање дејства кога новинарите и медиумските организации ќе бидат изложени на pизиk, како и во разоткривање на kpшењето и злoyпотребите на слободата на медиумите и нивното споделување со глобалната јавност и промовирањето одговорнocт на овој план, соопшти МНР.

Со оваа Глобална заложба, земјите меѓу другото се обврзуваат и заедно да интервенираат на највисоко ниво со владите на земјите каде што слободата на медиумите е во опacност, и да покажат солидарност со земјите кои работат на градење медиумски слободи.

Дводневната Меѓународна конференција за слобода на медиумите во Лондон годинава прв пат е во ко-организација на Обединетото Кралство и Канада. Следната година конференцијата ќе се одржи во Канада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This