БЕЗ КОМЕНТАР: Нема нови информации за Македонецот со кopoнавиpyс, на „Дајмонд принцес“ ќе се слави „Валентајн“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема нови информации за состојбата на заболениот Македонец од коронавирусот на крузерот „Дајмонд Принцес“. Тој вчера беше хоспитализиран во болница во Јапонија. Другите двајца македонски државјани, кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама, остануваат во карантин барем до среда. Рекле дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот.

WUHAN, CHINA – JANUARY 17: WUHAN, CHINA – JANUARY 17: (CHINA OUT) Medical staff transfer patients to Jin Yintan hospital on January 17, 2020 in Wuhan, Hubei, China. Local authorities have confirmed that a second person in the city has died of a pneumonia-like virus since the outbreak started in December. (Photo by Getty Images)

Во меѓувреме, денешниот ден на вљубените ќе прослави и на бродот. Директорката на компанијата испрати порака дека без разлика на болеста сите ќе слават.

„ Сакав само да ги проверам сите и да кажам дека сите се држиме добро и заедно како една голема фамилија..Сакав само да ја објаснам мојата теоријата, вистинска теорија за последните седум дена…“ изјави таа.

Инаку бројот на жртви се искачи на 1.383, а регистрирани се 5.090 нови случаи, што е рекорден број.

Со КОВИД-19 се заразени вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот.

Меѓу болните во Кина има се повеќе здравствени работници кои се грижеле за болните. 13о од вкупно 500 вработени во само една болница се веќе заразени.

Засега најмногу болни има во Кина, со три смртни случаи пријавени надвор од земјата, од кој последната е 80-годишна жена во Јапонија.

Денеска, по две недели, се пуштени од карантин првата група француски државјани од 181 лице откако беа евакуирани од кинескиот град Вухан. Француските власти соопштија дека ниту едно од лицата не било заразено од вирусот .

Во Франција до сега се регистрирани 11 случаи на коронавирусот.
 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This