April 26, 2024, 11:03 pm

БЕЗ КОМЕНТАР: Рама се pacплака читајќи ги имињата на 50. жpтви од земјотресот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер на денешната владина седница изјави дека се прекинати потрагата и спасувачките операции по преживеаните од земјотресот, додавајќи оти бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес се искачи на 50.

– Акциите за пребарување и спасување се завршени и за жал морам да кажам дека бројот на жртвите се искачи на 50, наведе Рама. Кога почна да ги чита имињата на жртвите Рама почна да плаче, но набрзо се смири и продолжи. Владата донесе одлука со која на семејствата кои изгубија членови да им додели по еден милион леки (околу 8.500 евра), а ќе ги покрие и трошоците за погреб. Одлуката важи и за семејствата на браќата Шемседин и Иса Абази од Гњилане, Косово, кои загинаа при уривање на хотел во Драч. Рама им се заблагодари на екипите за потрага и спасување кои дојдоа во Албанија од повеќе земји.

– Сакам да им се заблагодарам на екипите за пребарување и спасување кои дојдоа од надвор. Без нив не би можеле да спасиме ниту еден жител од под урнатините. Но, ова не ја намали работата на нашите екипи за пребарување и спасување, но ним им се потребни специјални средства, рече премиерот. Тој објави и податоци за најпогодените области.

– Сериозни оштетувања има кај 1.192 објекти, а за 265 стамбени згради треба проценка, како и за осум училишта и една здравствена установа. Во хотел сместени се 2.472 лица, додаде Рама. Тој најави дека секој кој гради за профит, при тоа злоупотребувајќи ќе биде санкциониран. – Затвор за супервизорите, архитектите и градежниците кои злоупотребуваат, изјави Рама со повишен глас на денешната владина седница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This