April 24, 2024, 12:29 am

БЕЗ МАНДАТАР НЕМА ВЛАДА: Собранието може самото да си избере претседател, но не и премиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што Собранието може да го направи е да се состане и со договор на партиите да се избере претседател. Новиот собраниски спикер ќе може без никаков проблем да ги распише локалните избори за кои роковите привршуваат.

sobranie-na-rm-640x360

Опозициските медиуми и дел од политичарите ја подгреваат атмосферата дека во следните неколку дена ќе се свика седница на Собранието на која ќе се избере новата влада. Нивниот план предвидува, спротивно од Уставот, да биде изгласана новата влада откако ќе се констатира дека СДСМ и ДУИ имаат мнозинство во Собранието.

Тоа, според експертите, би било класично кршење на Уставот бидејќи не е можно да се започне постапката за избор на влада без претседателот на државата во согласност со неговите овластувања да одреди мандатар. Македонија засега нема мандатар откако претседателот Ѓорге Иванов не му го додели мандатот за влада на Зоран Заев поради платформата на партиите на Албанците која задира во унитарниот карактер на државата.

ustavnaRM

Откако Заев не стана мандатар во уставот, не е предвидено што понатаму, но во никој случај не е предвидено дека Собранието без определен мандатар може да ја избере владата.

Колку е важна улогата на мандатарот, а оттаму и улогата на претседателот на Републиката во определувањето на мандатарот, укажуваат одредбите од Уставот на РМ и од Деловникот на Собранието на РМ, кои се однесуваат на постапката за избор на влада, вели универзитетската професорка по уставно право, Тања Каракамишева-Јовановска.

karakamiseva-02a

Никој во државата не смее да започне постапка за избор на влада без определен мандатар и никој нема право да презема чекори на своја рака со кои ќе се заобиколи во Устав и во Деловник утврдената постапка за избор на влада – вели Каракамишева- Јовановска.

Во собранискиот Деловник за избор на влада јасно е наведено дека Собранието избира влада на начин точно одреден со Уставот. Според Деловникот, претседателот на Собранието во рок од три дена од приемот на известувањето од страна на претседателот на државата ги известува пратениците за кандидатот за претседател на владата, односно за мандаторот.

Потоа, мандатарот во рок од 2 дена од добивањето на мандатот на Собранието му поднесува предлог за состав на владата и програма. Седницата за избор на владата се одржува 15 дена од денот на приемот за состав на владата и програмата. Владата ќе се смета за избрана ако за неа гласале мнозинство од вкупниот број пратеници.

Сево ова покажува дека Собранието во никој случај не може самото да избере влада. Но она што Собранието може да го направи е на барање на најстариот пратеник или на претседавачот од актуелниот состав да се состане и со договор на партиите да се избере претседател.

Новиот собраниски спикер ќе може без никаков проблем да ги распише локалните избори за кои роковите привршуваат. Новиот претседател е надлежен и за распишување на нови предвремени избори ако тоа биде решението за излез од политичката криза.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This