БЕЗ МИГРАНТСКИ КАМПОВИ НЕМА ЕУ: Веле Самак тврди дека без договор за мигрантски кампови нема да има ниту покана за членство во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За поранешниот министер за странски инвестиции Веле Самак, итниот состанок на Европска унија за новата криза со мигрантите е обид за спас на германската канцеларка Ангела Меркел.

Според Самак, Меркел се обидува да најде решение за кризата што се очекува набрзо повторно интензивно да го зафати европскиот континтент.

Ексминистерот тврди дека на состанокот германската канцеларка побарала прифатни центри за мигранти во земјите од Балканскиот полуостров, конкретно во Македонија, Албанија и Србија, а за возврат првите две да добијат датум за почеток на преговорите со Унијата.

Во извештаите на западните агенции не се споменува Македонија, туку Албанија и неколку африкански држави, а Самак тврди дека земјава не се споменува поради лошиот договор за името.

„ЕУ мини-самит за спас на Меркел заради мигрантите: Меркел ќе бара азил-центри во Албанија, Македонија, Србија. За возврат, почеток на преговори со Албанија, Македонија. Поради деликатноста со геноцидниот договор, Македонија не се спомнува јавно“, напиша Самак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This