April 24, 2024, 10:25 am

БЕЗ РEСТРИКТИВНИ МЕРКИ, НО И БЕЗ ЗАРАЗЕНИ: Овој руски град е вистински феномен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рускиот град Сајанск во Иркутската област не е забележан ниту еден случај на коронавирусот, иако градоначалникот Олег Боровски одбил да воведе рестриктивни мерки, пренесува „Кp.ru“. Во градот исто така цело ова време работат салоните за убавина, градинките, па дури и трговските центри.

Како што се наведува, училиштата сепак биле затворени ‘исклучително поради интересирањето за учење на далечина’, како и рестораните и клубовите, затоа што би било многу лошо доколку истите работат во текот на пандемијата.

„Кај нас има повеќе заболени од грип, отколку од коронавирусот. Во Сајанск регистрирани се 10 вида воцпаленија на белите дробови, кои што немаат никаква врска со коронавирусот. Дали поради тоа би требало да воведам карантин?“ – прашал градоначалникот.

Главниот експерт за епидемиологија при Министерството за здравје, Ирина Лисјанска, истакнува дека ова е феномен и нема никакво научно објаснување.

Епидемиологот Јуриј Лисанов изнел две верзии – првата е лошото тестирање на коронавирусот. Меѓутоа, тој истакнува дека во тој случај сите луѓе би биле заразени, и дека болеста би се одвивала без никакви симптоми. Сепак тоа не е возможно.

Втората верзија е дека коронавирусот таму веќе бил присутен во месец јануари или февруари, кога било забележано нагло зголемување на бројот на пациенти со воспаление на белите дробови.

Како што се наведува, вирусот од Кина во тоа време го зафатил цел Сибир, па поради тоа сега во тој регион е забележан мал број случаи на заразени луѓе од коронавирусот.

„Можно е во ова мало гратче, уште на почетокот на пролетта луѓето да стекнале имунитет. Имале среќа“ – истакнува научникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This