БЕЗ ТЕНДЕР, ВО ЧЕТИРИ ОЧИ: РЕК Битола ќе плаќа двојно повеќе за ископ на јаглен, наместо 44 денари за „Трансмет“ ќе се плаќаат 87.80 за „Пелистер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, смета дека ниската цена што компанијата „Трансмет“ ја понудила била еден од факторите за тие да не успеат да го исполнат договорот. Новата компанија „Пелистер“, која е избрана без тендер, по итна постапка и ќе копа наредниве 12 месеци, понудила 87,80 денари по гигаџул. Иако цената е двојно повеќе од онаа на „Трансмет“, таа била прифатлива за ЕЛЕМ.

„Оваа фирма понуди 87,80 денари по гигаџул. Таа има за задача да ископа 270 илјади тони јаглен и околу 700 илјади кубици земја, обврски кои не ги исполни компанијата ‘Трансмет’. Повикани беа шест фирми, од кои за време на наддавањето се појавија пет. Фирмите се наддаваа два пати, од каде се извлече пониската цена“, вели Ковачевски за „Макфакс“.

Спротивно на тврдењата на Ковачевски, во базата на системот за јавни набавки пишува дека пријавени биле две фирми, но не пишува за кој правен субјект станува збор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This