БЕКАМОВИ МУ ЗАБРАНИЛЕ ВРСКА НА СИНОТ СО ОСУМ ГОДИНИ ПОСТАРА ПЕЈАЧКА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Славните обично многу тешко ги сокриваат своите љубовни врски од јавноста, но сè досега, со тоа одлично се справувал најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам и една позната пејачка.

Како што открива „The Sun“, денес речиси 20-годишниот Бруклин, во 2017-та година, кога имал 18 години, кратко бил во врска со Рита Ора, која тој период имала 26 години.

Изворот за овој магазин открил дека тие се гедале во тајност, сè додека за нив не дознале славните родители на Бруклин и одлучиле да стават крај на оваа врска.

„Пош ги видела пораките кои си ги разменувале. Не сакала нејзиното дете да тргне по погрешен пат и да почне да се забавува со пејачката“, раскажал изворот и додекал дека всушност Бруклин го направил првиот чекор и дека со месеци ја заведувал пејачката.

„Дејвид и Викторија јасно му дале до знаење на синот дека не ја одобруваат таа врска и дека сакаат веднаш да заврши“, раскажал изворот, додавајќи дека Викторија најмногу била загрижена за разликата во години.

Иако Рита е постара од Бруклин 8 години, тие двајца наводно одлично се согласувале.

„Одлично им беше заедно, постојано се смееја и, што е најважно, двајцата во тој период беа слободни“, нагласил изворот.
Но, изгледа дека планот на Дејвид и Викторија успеал, бидејќи тие двајца биле заедно само неколку месеци, а денес двајцата имаат врски со други луѓе. Рита од декември минатата година е во врска со актерот Ендру Гарфилд, а Бруклин е во врска со манекенката Хана Крос, која неговите родители очигледно ја одобруваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This