БЕЛАТА КУЌА ГИ ПОТВРДИ ИНФОРМАЦИИТЕ: Санкции против Додик и замрзнување на имотот на претседателот на Република Српска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американското министерство за финансии вечерва воведе санкции против претседателот на Република Српска Милорад Додик, наведувајќи дека тоа е поради „опструирање на Дејтонскиот договор“

dodik_putin

Санкциите, кои ги вовела Канцеларијата за странски имот (ОФАЦ), им овозможува на американските власти да го блокираат пристапот до било кој имот или средства кои Додик ги има, а се под јурисдикција на САД.

„Опструкцијата на Дејтонскиот договор од страна на Милорад Додик претставува значајна закана по суверенитетот и интегритетот на Босна и Херцеговина“, рекол Џон Смит, в.д. Директор на ОФАЦ, пренесува Ројтерс. Тој додава дека „денешната одлука ја подвлекува одговорноста на САД кон Дејтонскиот договор“.

Потврда за воведувањето на санкции против Додик пристигна и од амбасадата на САД во БиХ, пренесува РТРС. Амбасадорката на САД во БиХ Морин Кормак изјавила вечерва дека САД вовеле санцкии против претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој како што наведува, се противи на Уставниот Суд на БиХ и ги прекршува законите, односно претставува закана за спроведувањето на Дејтонскиот договор.

Таа додава дека до повеќе инфрмации за Балканскиот програм на санкции кои вклучуваат блокирање на имотите на лица кои претставуваат закана за меѓунардоните стабилизациони напори на западниот Балкан, може да се најдат на Интернет страницата на Министерството за финансии на САД.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This