Белата куќа ја пpeдупреди Русија: Ако не преземете нешто за xакерските нaпaди, ние ќе го сториме тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтон има намера да преземе мерки против хакерите од Русија доколку руските власти не одлучат сами да го сторат тоа, изјави портпаролот на Белата куќа enен Псаки.

„Комуницираме на високо ниво со руските власти, со колегите. Ние продолжуваме да испраќаме јасен сигнал – ако руската влада не може или нема да дејствува против криминалците со седиште во Русија, ние ќе го сториме тоа“, рече Псаки.
Имајќи ги предвид неодамнешните обвинувања на агенцијата Блумберг дека хакери нападнале најмалку 200 компании кои обезбедуваат ИТ услуги на мали и средни бизниси, и дека наводно стои зад тоа хакерската група REVil, за која се смета дека има врски со Русија, рече портпаролката дека САД продолжуваат да собираат детали за тоа дали инцидентот се случил со знаење или одобрување на руската влада.

„Иако разузнавачката заедница сè уште не му го припишала нападот на никого и сè уште немаме нови информации во врска со сторителите, експертите за безбедност се согласуваат дека криминалната група REVil работи од Руската Федерација и има канцеларии низ целиот свет“, објасни таа.

Да потсетиме, американскиот претседател Џо Бајден во саботата рече дека не смета дека Москва стои зад неодамнешниот хакерски напад.

Западните земји постојано ја обвинуваат Русија за мешање во внатрешни работи и сајбер напади. Русија ги негираше сите обвинувања, велејќи дека Западот не достави докази. Москва повеќе пати изјавуваше дека е подготвена за дијалог за безбедноста во мрежата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This