April 25, 2024, 11:21 am

„Белата чума“ ги коси селата во Тројачката котлина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Не сакам да си заминам одовде…од оваа дива питомина…ама здравјето веќе ме издава, а овде нема ни доктор, ниту пак пат по кој може да дојде, а веќе нема ни луѓе“ – со трепетен глас и со солзи во очите ја започнува својата животна приказна, Видан Миноски, кој е еден од последните четворица жители во прилепското село Царевиќ. Раскажува дека до пред некоја година имал стадо од дури 40 крави, ама сега има само три. Ги продал, не можел повеќе да се грижи за нив. А од есен, заради здравствените проблеми, вели дека и тој ќе мора да се прибере в град, кај своите деца.

Единствениот сосед на Видан, кој чува преку 200 глави овци, не го најдовме в село. Но затоа ги најдовме, Ѕвонко Јорданоски и Блаже Колески, кои потекнуваат од овој крај, ама доаѓаат само повремено. Првиот за да ја надгледува татковата куќа, а вториот, откако неодамна се пензионирал, овде се посветил на пчеларството. И двајцата жалаат што овие краишта целосно се исселени, а причината за тоа ја лоцираат во лошата патна инфраструктура.

Сепак, големата запуштеност на овие краишта, не ги уплашила браќата Александар и Гоце. Тие пред една година, одлучиле пак да го „разгорат“ прадедовото огниште и да ја продолжат некогашната семејна традиција за одгледување пчели, како и во автентичен стил да ја реновираат сега разурнатата куќа. Ама, без санација на патот, стравуваат дека тоа тешко ќе им оди.

Инаку, патот до селото Царевиќ е истиот оној пат кој води и до следните села Дрен и Смолани, каде се наоѓа прекрасниот Манастир „Св. Илија“ кој масовно е посетуван од бројни верници во текот на целата година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This