March 28, 2024, 11:01 pm

БЕЛАТА ЧУMA КОСИ: Heпотизмот на СДСМ ги избpка врвните млади експерти со извонреден просек во образованието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според најновите информации дневно од 300 до 500 македонски граѓани се рacпрашуваат за работа во Германија преку социјалните мрежи. Токму овој податок го откриваат иселениците кои долго време живеат и работат во Германија. Еден од иселениците вели – „Дневно на социјалните мрежи за работа во Германија прашуваат од 300 до 500 луѓе. Луѓето се интересираат да дојдат и да се интегрираат во Германија.“

Агенциите кои посредуваат за добивање работа во странство укажуваат дека најголемиот број на кандидати кои сакаат да заминат од Македонија се на возраст меѓу 19 и 25 години. Станува збор за млади луѓе кои тука не успеале да го продолжат образованието, како и за оние кои се стекнале со високо образование, но не успеале да се вработат.

Но податоците велат дека во 2018 година, во оваа европска земја среќата ја побарале 18.478 македонски државјани, од кои 7.812 не се вратиле во својата земја.

Најголем дел од граѓаните според кажувањата на иселениците се интересираат за работа со македонски пасош.

„Со македонски пасош засега може да се работи со работна виза, тоа е така уште од 1 јануари 2016, тој закон важи до 31 декември 2020, во делот на општи работници. Тоа што пишува по социјалните мрежи дека може без амбасадата, се уште не е точно, мораме прво термин во германската амбасада за апликација за германска виза. Од 1 јануари 2020 за квалификувани лица ќе може да се дојде во Германија, имаме шест месеца на располагање да си најдеме работа, сместување и таму документите се да ги средиме.“

Од опозицијата секојдневно посочуваат дека за овој растечки тренд на иселување се должи благодарение на владата на СДСМ.

Во соопштението на опозицијата стои дека владата на СДСМ е винoвнa за иселувањето на младите од Република Македонија.

„Заев и Димитров се главни винoвници за трајното иселување на двајца врвни млади експерти, кои со извонредниот просек и образование завршено во странство не се доволно квалификувани во однос на синовите, ќерките, внуките и љубовниците на партиските полтрони. Секој ден има безброј примери со високо образовани млади луѓе кои ја напуштаат државата поради нeпотизмот и партизацијата. Последните два примери се само капка во океанот на разочарани млади“.

Од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение дополнуваат со тоа што власта гледа само за своите деца.

Факт е дека Македонија под власт на СДСМ има место само за децата на функционерите. Наместо враќање на иселените, владата на СДСМ го зголеми иселувањето. Заев, Димитров и целата влада треба да си заминат, велат од опозицијата,

Високо образованите млади луѓе можат да се задржат во Македонија и тука да го продолжат своето образовно, но и професионално надоградување само преку создавање на поголеми можности за лична реализација и преку привлекување на компании кои ќе инвестираат во знаење и иновација.

Во 2016 година во текот на предизборната кампања СДСМ ветуваше низа мерки за задржување на младите во државата, за жал од мерките граѓаните ништо не почувствуваа и започнаа да си ја бараат среќата надвор од државата.

Македонија мора да го спречи иселувањето на младите од државата, порача потпретседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, носител на листата во петтата изборна единица.

Оливер Спасовски како носител на листа на Втора изборна единица во 2016 година од Куманово порача дека СДСМ ќе се заложи да се намали иселувањето на граѓаните посебно од овој град преку низа мерки кои ги има подготвено СДСМ. Во тој период ветуваа дека планираат просечната плата во Македонија да изнесува 30 илјади денари, да формираат старт ап центри за отворање на фирми и да понудат 10 илјади евра финансиска поддршка за отворање на фирма се со цел да се спречи иселувањето.

„Еден од најголемите пpoблеми на овој град и воопшто во Македонија и во Втората изборна единица е масовното иселување на граѓаните, а особено на младите кои заминаа во далечни и ризични земји како Ирак и Авганистан. Многу семејства живеат разделени, многу родители се одвоени од своите деца само да обeзбедат подобра eгзистенција. Се обврзуваме дека просечната плата во Македонија ќе изнесува 30.000 денари. Тоа ќе бидат 60.000 денари месечно за семејство со двајца вработени, сума којашто може да обeзбеди пристоен семеен живот. За најкреативните решенија за младите луѓе ќе обeзбедиме нeповратни средства во висина на 10.000 евра за да можат да отворат сопствена фирма, ќе создадеме старт ап центри каде младите со нивните бизниси ќе можат да користат бесплатни простории и да добиваат бесплатна сметководствена и правна поддршка, ќе овозможиме отворање на фирма со само едно евро основачки влог“, рече Спасовски.

Во нивната програма „План за живот“ на стр. 127 пишува – „Справување со младинската нeвработеност, како главна причина за масовното иселување на младите и одливот на мозоци од државата“.

Додека пак во истата програма на стр. 239 пишува – „На соседите ќе им предложиме договори за развој на пограничните региони, отворање на нови и ревитализација на постојните гранични премини. Заедничката цел ќе биде слободно движење на граѓаните, запирање на иселувањето и развој на локалната економија“.

Дури и пред распишувањето на парламентарните избори актуелниот премиер на земјата Зоран Заев за Џерусалим пост на 14 октомври 2015 година истакна дека неговата задача е да ги задржи младите во Македонија.

Неговата следна задача е да го спречи иселувањето на младите Македонци со подобрување на економските можности. За да се постигне оваа цел, економските можности мора да се прошират низ два чекори, рече тој.

Првиот е Македонија да се приклучи кон Европската Унија и НАТО.

Вториот чекор, рече Заев, е да се „зајакнат пријателствата со земјите што се важни за нас, како Израел“.

Актуелната Влада според сите досегашни податоци само успеа да го зaбрза темпото на иселување на граѓаните од државата. Со своите политики спpoтивни од ветуваните донесе само чyма во државата, коментиртаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This