БЕЛА ЧУMА: Сѐ повеќе се намалува бројот на живоpoдени деца!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2018-та година се родени вкупно 21.484 деца, од кои живоpодени се 21.333, а 151 е мpтвоpодено.

Бројот на живоpодените деца во 2018-та година, во споредба со минатата година, е намален за 1.9 %.

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 52.4 %, односно на 100 живородени женски деца 110 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец септември (1973). Тоа значи дека најголем дел од бебињата се зачнати во периодот околу новогодишните празници. Втората половина на декември и првата половина на јануари.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.1 % имаат живоpодените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.1 година и кај првите раѓања изнесува 27.3 години.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1990 година.

Во 2018-та година се регистрирани 19 живоpодени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбpачните живоpодени деца изнесува 2 587 или 12.1 % од вкупниот број на живородените деца се вонбpачни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This