БЕЛГИСКИ НАУЧНИЦИ ТВРДАТ: Бактерии од системот за варење се поврзани со мeнтaлнoтo здравје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку недостасуваат два вида бакетерии во системот за варење, шансите за дeпpecиja се поголеми, тврдат научници од Белгија кои спровеле досега најголема студија во која учествувале 1.036 луѓе.

Во истражувањето се собирани податоци за мeнтaлнaтa состојба на испитаниците и паралелно биле анализирани нивни биолошки примероци. Научниците анализирале повеќе од 500 видови бактерии, барајќи ги оние кои произведуваат неуроактивни материи кои влијаат на функциите на мозокот. Утврдено е дека два вида бактерии се во значително помала количина во организмите на луѓето кои се бoлни од депpeсиja, дури и доколку редовно ги земаат препишаните антидепpecиви.

– Свесни сме за тоа дека оваа теорија ќе ја заинтригира јавноста, но сметаме дека постои утврдена врска меѓу бактериите во органите за варење и депресијата. Досегашните истражувања на оваа тема се спроведени врз глувци, но и кај помал број луѓе, но ова е прва студија во која учествуваа волку голем број испитаници, изјави Џерон Рес од катедрата за микробиологија на Универзитетот во Лувен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This