Белгија зa6paни yпотpeбa нa „AstraZeneca“ кaj лицa нaд 55 гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгија одлучи да не ја користи вакцината за коронавирус на шведско-британската компанија „AstraZeneca“ за лица над 55 години, поради недоволно истражување за можните несакани ефекти врз постарите лица, пренесува националниот дневен весник „Ле Соар“.

Одлуката ја донесе Врховниот здравствен совет на земјата, забележува весникот. Договорот на AstraZeneca со Европската унија предвидува Белгија да ја добие првата група од 80.000 дози на вакцината на 7 февруари.

Според националната стратегија за вакцинација, Белгија во моментов вакцинира пациенти во домови за стари лица и нивниот персонал, т.е. претежно луѓе постари од 65 години, и користи вакцина Пфајзер.

AstraZeneca ќе се користи како дел од преминот кон втората фаза на вакцинација, која ќе биде насочена кон медицинскиот персонал во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This