Белгија им забpaни на своите граѓани да патуваат во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повеќе дена преговори, Белгија ја објави својата листа на дозволени дестинации за своите граѓани, Македонија не спаѓа во нив, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со ова Белгија ја следи и препораката на Советот на ЕУ кој на 30 јуни објави препорака до сите 27 земји членки за отворање на границите. Белгија дури денеска го соопшти конечниот договор.

За Македонија, Министерството за надворешни работи објаснува дека „бројот на случаи на Ковид-19 во Македонија силно и постојано расте. Епидемиолошката состојба јасно се влоши од почетокот на јуни месец“.

Поради ова, белгиските власти оценуваат дека за нивните граѓани патувањата надвор од ЕУ, вклучително и Македонија остануваат забранети.

Што се однесува до Србија и Црна Гора, кои се на белата листа на Советот на ЕУ, Белгија сепак одлучи дека само патувањата од „суштинско значење“ се дозволени во овие земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This