Белгија – Ќе се апси се што ќе излезе на протест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгиските власти ги одбија сите барања за дозвола за протест против рестриктивните мерки воведени за спречување на епидемијата од Ковид-19, јавуваат медиумите.

Повеќе иницијативи се појавија на социјалните мрежи, откако слични протести се одржаа во соседна Холандија и доведоа до немири. Барањата за дозвола за протест во недела во центарот на Брисел се сите одбиени и бриселските власти им препорачуваат на граѓаните да не одат на демонстрациите кои би можеле сепак да се одржат и покрај забраната.

Портпаролите на полицијата во Брисел порачаа дека дозволи не се издадени затоа што нема гаранции дека ќе се запазат мерките за безбедност и хигиена.

Минатата недела во центарот на Брисел се одржа мирна демонстрација против “класната правда“, на која не е регистриран ниту еден инцидент, но полицијата сепак приведе над 200 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This