April 19, 2024, 11:55 pm

Белград е многу близу до постигнување колективен имунитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белград е многу близу до постигнување колективен имунитет, кога 70 проценти од граѓаните треба да бидат заштитени од инфекција со коронавирус, изјави денеска градоначалникот Зоран Радојичиќ.

Тој на социјалните мрежи изјави дека досега се вакцинирани 40 проценти од возрасната популација во Белград, пренесува Танјуг.

„Ако продолжи оваа динамика на раст на бројот на вакцинирани сограѓани, јас сум многу оптимист за постигнување колективен имунитет во нашиот главен град“, изјави Радојичиќ, пренесе „Беоинфо“.

Тој додаде дека имунизацијата е најважната алатка во борбата против епидемијата Ковид-19 и апелираше до што поголем број граѓани да одговорат на вакцинацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This