БЕЛГРАД ЌЕ ИМ ПОМАГА НА БЕЗДОМНИЦИТЕ: Главниот град на Србија добива автобус во кој бездомниците може да се капат, пострижат и исперат облеката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наскоро во Белград ќе почне да кружи автобус кој барем малку ќе им го олесни животот на сите луѓе што живеат на улица.

 

-„ДрумоДом“ наскоро почнува со работа (по една година подготовки). Ќе биде наменет за сите во Белград што се без дом. Станува збор за адаптиран автобус кој ќе ги посетува местата каде што престојуваат овие наши сограѓани и ќе им обезбеди бесплатно туширање, тоалет, потстрижување, перење на облеката и можност за разговор. Заедно ќе бараме трајни решенија. „ДрумоДом“ ќе биде наш проект, проект на сите луѓе што сакаат да ги поддржат овие наши сограѓани и сограѓанки – стои во објавата на фејсбук-страницата на „ДрумоДом“.

Се проценува дека на територијата на градот Белград има меѓу 3.000 и 5.000 бездомници, од кои 1.000 се малолетници. Зад акцијата „ДрумоДом“ стои фондацијата „Адра“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This