БЕЛИ МЕЧКИ: Нема кој да му суди на ДУИ и на АКМИСОТ му е страв да распредели судија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијката Оља Ристова нема да им суди на функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури обвинети за изборни нерегуларности во случајот „Титаник 3“. Ристова сама побарала да биде изземена. Претседателот на судот се согласил, а преку АКМИС системот, електронски предметот треба да биде распределен кај друг судија. Конкретно, Ристова за повлекувањето ја посочува Специјалната обвинителка Катица Јанева која посочи дека судијката немала ред во судницата и дозволила закани кон обвинители од СЈО од страна на адвокатот на обвинетите, пренесува Алсат.

Кривичен суд:

Во однос на оваа изјава, судијата Ристова смета дека со ваквото неосновано медиумско влијание за предмет за кој и онака секоја расправа се одвива во присуство на претставници на медиуми, невладини организации и меѓународни претставници во земјата, се врши директен притосок и се доведува во прашање нејзината независност и непристрасност во постапувањето, што отвора сомнеж во јавноста. Во тој правец и Судот овие изјави на СЈО, ги разбира како обид за директен притисок врз судијата“

На повлекувањето на судијката Ристова и претходеше уште еден скандал поврзан со овој случај. Обвинителката Фатиме Фетаи обзнани дека адвокатот Мефаил Арслани кој го брани обвинетиот Ејуп Алими, испратил закани до нејзиниот колега Гаврил Бубевски. Сведоци на заканите освен Фетаи била уште една адвокатка, а Бубевски поднесе и кривична пријава против адвокатот до редовното обвинителство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This