Бензин ние ќе ви донесеме, за чкорче ќе се снајдете сами

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пола година. Шест месеци, ако не и фазла не отекоа со одењето во теретана на Мицкоски. Демек, сите работи се решени, ама тоа што Мицко билда бицепс е голем проблем.

И во тој момент – за време на предизборната кампања – можеби и навистина беше. Легитимно е да се плашиш од противник, ама да си гаиш илузии, да градиш митови и конспирации околу одење во теретана, навистина изгледа фрустрирачки. А, и разбирам. Можеби кога ќе ја погледнам сликата на првата постава во СДСМ, сфаќам дека тие луѓе никогаш не би ги ни примиле во теретана. Јбг…

Ама што е поинтересно.

Случајот „Теретана“ кој Јавното обвинителство пред некој ден го отфрли како предмет без материјални докази, е она што треба да го анализираме.

Отфрлање на предмет поради немање на доволно докази е една работа, ама запирање на истрага поради утврдување на фактичка состојба, која укажува спротивно на фабрикувани материјали кои се користеа како политички маркетинг за да се „оцрни“ билдерот Христијан Мицкоски е монументална Јавнообвинителска одлука.

Иако се уште не е пресуда, за да влезе и како дел од судската пракса, запирањето на истрагата на Јавното обвинителство кое утврдило дека снимките кои ги пласираше СДСМ биле фабрикувани – поточно, биле од постар датум пред корона пандемијата – е првата институционална одлука со која, правосудните органи препознаваат „лажни вести“. Каква иронија.

Јас мислам дека оној Коки Костадинов, кој постојано се препичува пред камери као јак мушкарац ќе се полие со бензин, а за чкорче ќе мора да се снајде. Тој што 24/7 објаснува за „лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ“, пласирал лажни вести. Лелеее…

Ова повлекува и низа на настани, кои најверојатно нема да се случат, ама јас ќе ги спомнам.

Сега, останува на Обвинителството да отвори истрага за пласирање на лажни вести.

Борјан Јовановски треба да го рецензира Коста Костадинов, Шекеринска, Заев – а пустиот, леб кршеше и баклава јадеше во Брајчино со лидерот му.

СЕММ треба да суди за неморалноста на СДСМ и нивните портпароли.

Хелсиншки Комитет ќе треба да ја осуди Царовска, Шекеринска, Љупче затоа што се однесувале сексистички кон Мицокоски.

Арно ама, ништо од ова нема да се случи. Ништо. Нема наредба, нема нарачка од Роберт Поповски. „Фабриката“ за фабрикување на вести ја запира производната линија во овој случај. М’к м’кавица, т’к т’кавица.

Каква комунистичка банда, не ми се верува.

Истите шеми како нивните претходници, ќе те обвинат, ќе те ‘мкнат по судови, ќе спинуваат дека си направил нешто погрешно – иако не си направил (си одел во теретана лани), ќе се пуштаат медиуми пред суд да те пречекаат за изјава (за да може во позадина да е судот, за да изгледаш како грешник).

Јбг…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This