„БЕОГРАДСКА КОНФЕКЦИЈА – БЕКО“ ПОВАЖНО ИМЕ ОД ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ: Пропадната српска конфекција, за СДСМ е позначајна од човекот кој беше ликвидиран поради борба за независна Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје на следната седница на Советот на Скопје идната недела ќе започне со менување на имињата на катните гаражи, така што пред советниците ќе се најде предлогот за преименување на гаражите „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“.

Гаражата „Тодор Александров“, лоцирана на улица „Даме Груев“ се предлага да се преименува во „Беко“, заради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од стоковната куќа „Беко“, која сега не постои.

На Град Скопје, предводено од доскорашниот портпарол на СДСМ,Петре Шилегов, очигледно им пречи името на легендарниот водач на ВМРО, кој е ликвидиран заради неговата борба за независна Македонија. Предност даваат на фирма која ниту во Србија веќе не постои.

На локалната власт на чие чело се сопартијците на премиерот Зоран Заев, повеќе им се допаѓа името „Беко“ што е скратеница од името на фирмата „Београдска конфекција“.

Додека во Македонија, по ова име ќе се крстува катна гаража, името „Беко“ во Србија симболизира жестоко кршење на работнички права и голема голгота.

Конфекцијата „Беко“ веќе 15 години е во стечај. 4500 акционери, односно нивните наследници, уште чекаат да им бидат исплатени нивните пари.

Како што пишуваат српските медиуми, половина од луѓето кои минаа голгота чекајќи ги заработените пари, починале, па сега битката ја водат нивните деца.

„Беко“ своите доверители ги исплати во 2009-та година. На својата сметка има орочени 29 милиони евра и непродаден имот. Разврската се чека, но судските спорови и рочишта траат предолго.

Оваа сторија изгледа повеќе им се допаѓа на претставниците на СДСМ, отколку името на човекот кој е херој во македонската историја.

Тодор Александров Поп-Opушов е македонски политички лидер, војвода и еден од водачите на ВМРО.

Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров(1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев – Кочански (1907), окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна.

По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија.

Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This