БЕРЗАТА ПРЕД KOЛАПС: Трамп ги oбвини Москва и Ријад за падот на Вол стрит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини Саудиска Арабија и Русија за паѓањето на вредноста на американските акции на берзите.

Во серија твитови, падот на акциите на САД во услови на намалена побарувачка за нафта поради епидемијата на коронавирус, Трамп го припиша на „војната“ меѓу Саудиска Арабија и Русија на пазарот за нафта како и на „лажните вести“, без да прецизира на кои вести мислел.

Сепак, Трамп вели дека падот на цената на нафтата ќе биде од корист за Американците зашто „цената на бензинот ќе падне“, пренесува Ројтерс.

Акциите вчера паднаа, бидејќи инвеститорите се уплашени од кризата предизвикана од коронавирусот, како и од шокантниот развој на настаните на пазарот на нафта по несогласувањето помеѓу ОПЕК и Русија.

Ријад ги шокираше берзите со одлуката да ги намали цените на продажбата на својата нафта за шест до осум долари за барел и со планот значително да го зголеми производството од април за да ја казни Русија, која не се согласува да се намали производството за уште 1,5 милиони барели дневно за да се задржи цената на нафтата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This