Бериша на цpната листа на САД: Албанскиот претседател и неговото семејство прогласени за непожелни лица во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порнешниот албански претседател, премиер и екс лидер на опозицската Демократска партија, Сали Бериша и семејството прогласени се за персона нон грата во САД, поради, како што објавено на официјалната веб-страница на Стејт департменот, во негово официјално својство, посебно како премиер на Албанија, Бериша бил вклучен во коруптивни активности, како на пример злоупотреба на јавни фондови, вмеаност во политики процеси, вклучително и употреба на моќ за лична корист и збогатување на политичките сојузници, како и членови на семејството.

-Коруптивните постапки на поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша, ја поткопуваат демократијата во Албанија. Јавно изјавувам дека Бериша и членовите на неговото потесно семејство не се пожелни да влезат во Соединетите држави. Остануваме обединети против корупцијата со нашите партнери во Албанија, напиша Блинкен на Твитер.

Додава дека Бериша ја користи својата реторика за да се брани себеси, членовите на неговото семејство и неговите политички сојузници.

-Уште повеќе неговата реторика покажува дека тој е подготвен да се брани себеси, членовите на неговото семејство и неговите политички сојузници на сметка на независните истраги, антикорупциските напори и мерките за одговорност. Со оваа определба, ја повторувам потребата за отчетност и транспарентност во демократските институции во Албанија, владините процеси и постапките на албанските јавни службеници, нагласува тој.

Оваа определба, продолжува понатаму е дадена во согласност со Регулативата 7031 (ц) на Стејт департментот за надворешни операции и релевантни програми за финансирање, 2021.

Ова, оценува, ја потврдува посветеноста на САД за поддршка на основните политички реформи за демократските институции во Албанија и нагласува дека САД продолжуваат да бидат со народот на Албанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This