April 27, 2024, 12:35 am

БЕРЛУСКОНИ ДЕЦИДЕН: Или влада на десниот центар или да се распишат избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанската опозициска партија Форца Италија се залага да се распишат избори доколку не биде можно да се формира влада на десниот центар, изјави лидерот на партијата Силвио Берлускони.

Поранешниот премиер и медиумски тајкун Берлускони се обрати по повод пaдот на владата на коалицијата Движење пер ѕвезди и Лига.

Берлускони се сретна со претседателот на Италија, Серџо Матарела, кој по консултациите со политичките лидери треба да одлучи дали ќе распише вонредни избори или ќе додели мандат за формирање на нова влада.

Матарела денеска ќе одржи консултации со претставниците на Демократската партија, најсилната опозициска партија и антисистемското Движење пет ѕвезди, кои би можеле да формираат нова влада, откако премиерот Џузепе Конте поднесе оcтавка.

Конте поднесе оcтавка на 20 август на седницата на Парламентот на која требаше да се гласа за нeдоверба на владата, што 12 дена претходно го побара министерот за внатрешни работи и лидер на италијанската Лига, Матео Салвини.

Матарела бара од политичките партии да постигнат договор за нова влада во следните денови, доколку сакаат да избeгнат предвремени избори. На денешните консултации шефот на државата сака да види јасни сигнали дека е можен договор за нова влада, како и значаен напредок во тој правец на почетокот на следната недела.

Поранешниот италијански премиер, од редовите на Демократската партија, Матео Ренци вчера истакна дека е подготвен да соработува со Движењето пет ѕвезди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This