БЕРЛУСКОНИ, ЈАНША, ОРБАН: Поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија од сестринските партии во Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска продолжи вториот ден од Конгресот на Европската Народна Партија во Малта. На конгресот свое учество има и партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, а во чиј состав се и членовите на извршниот комитет на партијата Никола Попоски, Влатко Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски.

epp-1

За време на конгресот Груевски ги продолжи билатереалните средби и разговори со повеќе претставници од Европската Унија, како и политичари од Европската народна партија. Тој оствари средба со претседателот на Сoвет на Европа Доналд Туск, како и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани. Се сретна со Претседателот на Форца Италија Силвио Берлускони, како и со повеќе европратеници и политички лидери.

-Денес покрај следењето на Конгресот и интересните дебати кои што беа овде во Малта беше интересно што имавме можност да се видиме со повеќе политичари од Европа, со луѓе со кои што е добро да се зборува за Македонија, за стратешките интереси на државата, за нашите интеграции, како и за домашните политички случувања во кој сме донесени поради се она што СДСМ го направи во изминатиот период. Ова беше добра можност да се образложат состојбите, да се дадат точни информации и да се побара понатаму поддршка за Македонија за излез од кризата. Ова беше разговарано на повеќето средби вклучувајќи ја и онаа со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, за мигрантската криза и секако за сите други значајни работи за Република Македонија” изјави Груевски.

Во обраќањата пред конгресот каде присуствуваат шефови на влади и држави меѓу кој челниците на Европската Унија, германската канцеларка Меркел, шпанскиот премиер Рахој и други европски политичари, премиерот на Унгарија Виктор Орбан испрати порака дека потребна е стабилност на балканот и во Македонија а таа не е можна без Груевски, и прати порача дека излезот се брзи избори што преставува стратешки интерес на Унијата.

“Ако милиони мигранти почнат да маршираат на Балканот повторно невозможно е да се одржи стабилност. Македонија не може да биде стабилна без партијата на Груевски. Стабилноста на балканот бара нови избори во Македонија што е можно побрзо. Ја поздравувам резолуцијата за понатамошно проширување на Европската Унија, и клучно е за стабилноста започнување на преговори со Македонија” изјави Орбан.

Порака на подршка во име на Европската Народна партија испрати и словечекиот лидер Јанез Јанша.

-“Како семејство на Европски народни партии секогаш ќе продолжиме да ги подржуваме нашите сестрински партии во Европа и непомагајќи им на левицичарите да ги уништуваат некогаш со селективна правда, со парите на СОРОС ризикувајќи ја стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија” изјави Јанша пред европските лидери и раководството на Европската Народна Партија.

Инаку на конгресот во Малта се усвоија повеќе резолуции и декларации. Една од нив е и документот “Европа ја обезбедува иднината” во кој е вклучен и Западниот балкан. Во оваа резулуција изрично стои дека државите од Западниот Балкан во кој спаѓа и Македонија мора да бидат интегрирани во Европската Унија. “Скорешната историја ни дава посебна одговорност за Западниот балкан. Единствено интеграција во ЕУ може да обезбеди сигурност од конфликтност и дезинтеграција” стои во резолуцијата. Понатаму се вели дека целосно членство во Европската Унија не значи само партнерство туку и градење на други форми на соработка од сестран карактер со кој ќе се зацврсти и самата унија.

 

tajani-3 tusk-4 tusk-3 epp-9 epp-8 epp-7 epp-6 epp-5 epp-4 epp-3 epp-2 epp-1

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This