БЕСА БАРА ДА СЕ ИСПИТА НЕПОТИЗМОТ: Наместо да создадат работни места за граѓаните, они вработуват свои членови на семејствата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните не ѝ дадоа доверба на оваа влада да ги вработува роднините во институциите каде што платите се два пати повисоки од минималната плата во земјата, а од друга страна секој ден илјадници граѓани ја напуштаат државата, бидејќи владејачките партии во земјата наместо да создадат работни места за граѓаните они вработуват свои членови на семејствата, велат од Беса на Биљал Касами.

Последните денови во јавноста се шират гласови дека сегашната влада продолжува да функционира како поранешниот режим преку коруптивни методи и вработување на семејствата на министри, пратеници и други владини функционери. Движењето Беса реагира на овој феномен на непотизам и корупција како земја со резервирано место во НАТО Алијансата, државата мора да работи на владеењето на правото, искоренувањето на криминалот и корупцијата и елиминацијата на непотизмот, но врз основа на трудот на академски и професионални повици“ се вели во соопштението.

Тие побараа од институциите да се испита непотизмот за кој се пишува во медиумите последните неколку дена и да ги испитаат сите коруптивни конкурси од неколку министерства кои, како што велат, фаворизираат одредени групи блиски до владините функционери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This