Беса: Власта пaднa на испитот за спроведување реформите и поставување европски стандарди во државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патувањето на Македонија кон Европската Унија се отежнува секој ден и тоа не заради условите кои се поставуваат, но повеќе заради вина на оваа владина гарнитура која падна на испитот што се однесува во спроведување на реформите и поставување на европски стандарди во државата и општеството, велат од Движењето на Беса.

Читајќи го внимателно “НОН-ПЕЈПЕРОТ” доставен од Франција и објавен од некои медиуми во земјата, може да констатираме дека патот за зачленување во ЕУ е тежок но не е невозможен.

За жал, ова владино мнозинство, потфрли во реформирање на главниот столб во државата, тој на судството. Заради тоа, уште еднаш станува неминовен предлогот на Движењето Беса, за основање на државна комисија за реформа во судството, комисија каде што директно и со одлучувачко право ќе учествуваат и експерти од САД и ЕУ.

Ова комисија не само што ќе спроведе квалитативна и суштествена реформа, туку истовремено ќе треба да ја заокружи својата работа со остварување на целосен ветинг во сите нивоа на судството и обвинителство.

Што се однесува во другите столбови за кои се бара хармонизирање на стандардите и европските вредности , цениме дека треба да се аплицира сличен модел со гореспоменетата комисија, бидејќи ова е единствениот пат кој гарантира дека државата ќе оди напред спроведувајќи суштествени реформи со што ќе се олесни и ќе стане посигурен патот кон ЕУ.

Впрочем, реформите во сите државни сегменти треба да ги спроведеме заради самите себеси и иднината на државата, но за жал уште еднаш треба да повториме дека исто како претходната и оваа влада нема капацитети да ги понесе реформските процеси бидејќи се уште не се спремни да расчистат со криминалот и корупцијата во своите редови нешто што не е во склад со европските стандарди и вредности“ стои во партиското соопштение на Движењето Беса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This