БЕСА ИМ ГИ МАТИ СМЕТКИТЕ НА СДС И ДУИ: Албанците во Чаир разочарани од Ахмети и СДС , во дилема дали „да се вратат дома“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев и лидер на СДСМ вчера најави дека во скопската општина Чаир и во неколку други општини неговата партија ќе го поддржи кандидатот за градоначалник од партијата ДУИ и со тоа отвори дилеми и кај Албанците и кај Македонците што живеат таму.

Со овој потег на СДСМ оваа партија практично им налага на сите што на предходните парламентарни избори гласаа за нив сега да гласаат за ДУИ што може но не мора да се случи.

Голем дел од гласачите Албанци кои што предходно разочарани од Али Ахмети и скопското крило на најголемата партија гласаа за СДСМ сега се во дилема дали повторно  да гласаат за „интегративците“ или пак да поддржат некоја од другите албански партии кои што имаат реални шанси за влез во вториот круг.

Засега најсериозна партија за вториот круг е БЕСА која што одлично мина и на парламентарните избори а сега не се исклучува дека во вториот круг од локалните би можела да добие премолчена подддршка од македонските гласачи и од ВМРО – ДПМНЕ.

Од постапката на СДСМ разочарани се и огромен дел од Македонците во оваа општина кои што се малцинство на локално ниво.

Тие прашуваат дали СДСМ се откажува од нив во општината каде што се гради најголемата џамија во Македонија и зошто немаат можност барем да ги измерат силите со другите партии особено по одличниот резултат на партијата на Заев на изборите во декември.

Ним им е јасно дека се работи за политички договор со кој на пример во Куманово речиси е извесно дека во вториот круг со помош на ДУИ победата ќе ја однесе СДСМ но сепак бараат партијата на власт да не се откажува така лесно од македонските граѓани.

Чаир и една од македонските општини каде што за државни празници не се веат државните знамиња ниту пак на општинскиот веб сајт може да се добијат сите информации на засега единствениот официјален и службен јазик на државата Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This