April 25, 2024, 10:16 pm

БЕСА И АЛИЈАНСА ЌЕ ГИ ДАДАТ ПОТПИСИТЕ НА СДСМ: Две албански партии ќе го поддржат Заев, а потоа ќе се преговара за Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По средбата со евро-комесарот Јоханес Хан, од БЕСА и Алијансата на Албанците на Зијадин Села велат дека ќе ги дадат потписите на СДСМ и Зоран Заев како иден мандатар за состав на нова Влада

Han_sobranie

Претставниците од двете партии велат дека се подготвени да ги дадат потписите на нивните пратеници на СДСМ и Зоран Заев за да го добие мандатот за состав на нова Влада од претседателот Ѓорѓе Иванов.

Села објаснува дека Хан се согласил дека нови избори не се добра опција и дека повеќе би ја искомплицирале ситуација, а пренесува и дека еврокомесарот порачал што побрзо да се формира политичка влада која ќе биде на „широка основа“.

На прашањето како ја сфаќа пораката за широка и стабилна влада, Села изјави дека тие би прифатиле и влада со двотретинско мнозинство, но услов е во неа да не се лица коишто се осомничени или обвинети од СЈО.

Претставникот од БЕСА, генералниот секретар Африм Гаши изјавил дека Хан е тука за да помогне во решавање на кризата, и дека ги охрабрил лидерите на политичките партии да почнат со преговори за да се изнајде решение. Од БЕСА информираат дека сеуште не ги дале потписите на СДСМ.

Во моментов трае средбата помеѓу Хан и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

 

Фото:
Андреј Гиновски
Утрински Весник

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This