БЕСА КОНТРА ЗАЕВ: Од денес ќе реагираме на секоја одлука на Владата која ќе биде спротивна на интересот на граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на БЕСА, Биљал Касами денеска во собранискиот прес-центар одржи прес-конференција на која што кажа дека е разочаран од приоритетите на Владата во првите 100 дена.

Тој рече дека оваа Влада исто како и претходната продолжила со партизација на државните институции и кажа дека е разочаран што ниту еден амандман на Движењето БЕСА за ребалансот на буџетот не бил прифатен.

Според Касами новиот закон за употреба на јазиците не претставува официјализација на албанскиот јазик, туку претставува само мало подобрување на можноста за користење на албанскиот јазик.

– Движењето БЕСА се уште нема свој член во ДИК, иако јасно во законот е определено дека како четврта најголема партија од последните парламентарни избори имаме право да имаме член. Процедурата е започната, но се уште нема решение како престојните избори ќе се организираат од легитимна изборна комисија, рече Касами.

Тој кажа дека Движењето БЕСА во првите 100 дена се обиделе да не се спротивставуваат на одлуките на Владата, но од денес натаму ќе реагираат на секоја одлука на оваа Влада која ќе биде во спротивно на интересот на граѓаните, особено на Албанците.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This