April 19, 2024, 10:28 am

БЕСА НА БАЦИ РАКА КАЈ БРИТАНСКАТА АМБАСАДОРКА: Британската амбасадорка ги „построи“ раскараните Касами и Гаши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И Африм Гаши и Билал Касами, како претседатели на движењето БЕСА денеска оствариле средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

Средбата со Гаши била реализирана во централното седиште на Движењето БЕСА во Скопје. Како што се наведува во соопштението, тема на дискусија на оваа средба беше актуелната политичка ситуација и начини за излез од оваа криза.

Претседателот Гаши најпрвин и се заблагодари на Велика Британија за придонесот и дадената поддршка во текот на овој процес и ја увери амбасадорката дека Движењето БЕСА прави се што е во нејзина можност да се надмине кризата и да се започне со имплементација на Преспанскиот Договор. Претседателот Гаши исто така уште еднаш го изрази ставот дека Движењето БЕСА е спремно да ги гласа уставните измени во Собранието кои извираат од Преспанскиот договор. – се наведува во соопштението.

Претходно и Билал Касами, како претседател на Движењето Беса, придружуван од потпреседателот Кастриот Реџепи и пратеничката Теута Билали ја пречекале амбасадорката на Велика Британија, Ракел Галовеј придружувана од политичкиот советник Иан Краман.

За време на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и следните чекори који ја очекуваат земјата после референдумот.

Претседателот Касами ја информираше Амбасадорката Галовеј дека Движењето БЕСА во овие процеси го поставила државниот интерес над партискиот со максимален придонес кон интегративните процеси во НАТО и ЕУ. За Движењето БЕСА е многу важно актуелниот состав во парламентот да ја исполни обрската од страна на народните избраници во заокружување на уставните промени произлезени од Преспанскиот договор. За време на овој процес преку нивните пратеници Движењето БЕСА ќе се ангажира со предлог амадмани и во деловите за целосно исполнување на правата на Албанците во земјата. – се наведува во соопштението.

Касами истакнал дека актуелната Влада треба да има инклузивен пристап за време на процесот и сите решенија да ги хармонизира во консултација со опозицијата, особено во албанскиот блок, имајќи предвид дека на последните избори таа добила повеќе гласови од партиите кои се дел на владината коалиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This