(Видео)БЕСА НЕ МУ ВЕРУВА НА СЈО: Се сомневаат во неговата работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Билал Касами, претседателот на БЕСА изрази сомнеж во работата на СЈО. Тој својот сомнеж во работата на СЈО ја темели на потврдата која оваа институција ја даде на министрите од ДУИ, конкретно за вице премиерот Бујар Османи.

-Кој вице премиер, оној на кој премиерот му поднесе кривична пријава за злопотреба на 400 илјади евра. Тој премиер (Зоран Заев) во едно телевизиско студио има кажано дека против тој вице премиер за евроинтеграции е покренато обвинение за злоупотреба на 400 илјади евра кога тој бил министер за здравство- изјави Касами.

Касами се сомнева како може СЈО во рок од 24 часа да издаде потврда за министрите од ДУИ кога и самите посочуваа дека имаат огромен број материјали кои не успеале да ги видат.

Со таа изјава СЈО се ставија во многу  неизвесна и многу лоша позиција кога им требаа само 24 часа за да разгледаат илјадници фајлови и да видат дека нема ниту еден компромитирачки материјал и ниту една злоупотреба на позиците од страна на овие министри на ДУИ.  Претходно самиот Премиер (Зоран Заев) има кажано дека тој сам, односно неговите адвокати имаат покренато обвинени, барем за еден  од тие министри. Многу е тешко да се верува дека за 24 часа СЈО може да прегледа.Со таквиот однос мислам дека СЈО го разниша рејтингот кој што го имаше пред граѓаните особено пред Албанците– заклучи Билал Касами.

Од овој разговор самата новинарка изведе заклучок дека Билал Касами како претседател на БЕСА не му верува на СЈО

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This