БЕСА СО ЗАКАНИ ДО ЗОРАН ЗАЕВ: Најмоќната албанска политичка партија во Македонија со предупредување до Заев и СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата БЕСА му упатува отворени закани на лидерот на СДСМ дека ќе ја загуби подддршката од Албанците ако продолжи со својата политика на поддршка на ДУИ.

Конфликтот кој започна откако Заев најави дека ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во некоку градови каде што живеат поголем број Албанци стана видлив во Тетово во четвртокот кога по поддршката на СДСМ за Теута Арифи од ДУИ членови на БЕСА протестирале за непринципиелната поддршка на Заев за Ахмети кој 10 години беше дел од владата заедно со ВМРО – ДПМНЕ.

Како одговор на забелешките на БЕСА Заев ја обвинил партијата дека таа „игра во тимот на ВМРО – ДПМНЕ“, пишува Балканската истражувачка мрежа.

„Ние не играме во ниту еден тим освен за интересите на Албанците затоа што сме ние нивни најсилни претставници. Го советуваме Заев да биде повнимателен во иднина затоа што може да ја загуби албанската поддршка“, изјавил за БИРН висок претставник на БЕСА.

Според последните анкети БЕСА има поголема поддршка од ДУИ во јавноста иако на последните парламентарни избори освои 5 пратеници помалку од ДУИ која доби 10 пратенички места и стана дел од владата.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This