БЕСА СО КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Блерим Река, екс-амбасадор ќе биде кандидат за претседател на државата од БЕСА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во врска со независната кандидатура на поранешниот амбасадор и универзитетски професор Блерим Река за претседател на Македонија, опозициската албанска партија Движењето БЕСА сé уште нема заземено став, изјави за Порталб.мк портпаролот на БЕСА, Елмедин Мемиши. Како што рече тој, одлуката за поддршка ќе биде донесена најдоцна до понеделник.

“Не можеме ништо да коментираме во оваа фаза. Во следните денови, верувам дека најдоцна до понеделник ќе излеземе со официјален “, рече Мемиши.

Инаку, независната кандидатура за претседател на Северна Македонија, поранешниот амбасадор Река, ја објави денеска. Меѓу другото, тој ги бара албанските гласови, за како што вели тој, Македонија да не биде моноетничка држава. Досега официјално Река ќе се натпреварува со кандидатката на македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река на неговиот Фејсбук профил ја потврди веста која утрово се појави на медиумите на албански јазик, за својата кандидатура за претседателските избори во нашата земја.

Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија, со надеж дека ќе биде поддржана. Постојат две причини за оваа одлука. Прво: само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава и Албанците само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика – без да се влезе во политичка конфронтација – не е доволно за да се промени ситуацијата. Тие на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот сепак е реален. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците, интелектуалците само пишуваат за историјата, пишува професорот Река во својот профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This