April 16, 2024, 10:55 pm

БЕСА ЌЕ ВЛЕГУВА ВО ВЛАДАТА: По пучот во БЕСА, Африм Гаши преговара со Заев за влез во владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Зоран Заев денеска одржа работен состанок со претседателот на движењето Беса, Африм Гаши.

На средбата беше разговарано за актуелните реформски процеси со посебен осврт на евроатлантските интеграции, како и за економските текови во Република Македонија.

Заев го информираше претседателот на движењето Беса, Гаши за текот на преговорите во врска со проблемот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, потенцирајќи дека процесот се наоѓа во суштинска фаза и дека постојат разлики меѓу преговарачките страни, но дека постои оптимизам за изнаоѓање решение кое ќе ги заштити достоинството и идентитетот на граѓаните на двете држави.

Во рамки на состанокот беше договорено дека разговорите меѓу премиерот Заев и лидерот на Беса Гаши ќе продолжат во текот на месец март заради обезбедување идна можна соработка на парламентарно ниво и на ниво на извршна власт.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This