БЕСА ЌЕ ГИ ПРОДАВА АЛБАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ?: Зоран Заев попуштил за две барања, се очекува БЕСА да се откаже – преговорите се потешки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преговорите помеѓу Зоран Заев и Билал Касами се одвиваат отежнато, а нивниот успех е се поневозможен, пренесуваат албанските медиуми

 

 

Порталот „Журнал“ пренесува дека, преговорите помеѓу БЕСА и Зоран Заев иако се уште активни, се неуспешни и се одвиваат во отежната атмосфера. Како што пренесуваат албанските медиуми во земјава, БЕСА не отстапува ниту милиметар од своите барања.

Според Алсат-М, во преговорите Заев прифатил две од барањата на БЕСА но не и барањето за менување на дефиницијата за државјанство, кое треба да гласи „Македонец / граѓанин на Северна Македонија“.

Се очекува БЕСА да омекне по однос на ова прашање, за што експертите толкуваат дека на тој начин БЕСА би тргувала со албанските интереси и буквално би се откажала од најголемото албанско барање во Македонија, признавање на етникум во државјанство.

Во меѓувреме, пратеникот Фадил Зендели не се јавува на својот мобилен телефон, а го напуштил и Собранието, и нема да се врати до постигнување на договор со Заев.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This