БЕСА ЌЕ СЕ „ШЛЕПА“ НА ДУИ: Движењето кое не влезе во владата на Заев, ќе се умилкува на ДУИ за да обезбеди апсолутна победа на локалните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политички е незрело да се верува дека Беса не влезе во владата на Заев поради „принципи“ и бидејќи „владата на Зоран Заев е полна со корупција и криминал“. Иако Беса жестоко го нападна владиниот кабинет, особено некои од министрите од ДУИ дека се корумпирани и осомничени за криминал, таа нема да си ја затвори вратата која ѝ обезбедува влијание во политиката.


Сепак, работите не стојат олку „искрено“. Беса има повисоки дострели – таа атакува на локалните избори и токму поради тоа остана надвор од владата на Заев и ДУИ. Беса се согласила да биде приврзок на ДУИ, да се шлепува покрај постариот брат, кога ќе снема кворум, освен понекогаш кога е биде безболно за албанските партии, за да не биде многу очигледно.

Оттука, слободно може да се толкува како невешт театар настапот на Зеќирија Ибрахими на собраниската говорница, кој го праша Заев каква машина за перење има со која ги пере корумпираните и инкриминираните.

–Ако вашиот партнер вчера ви го наметна името на првиот човек на Парламентот и ако денес ви ги наметна министрите со кривични досиеја, дали произлегува дека вашата влада е заробена од ДУИ, праша Ибрахими, додавајќи дека на ДУИ никој не ѝ верува, освен Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This