БЕСА ЌЕ ЈА РЕДЕФИНИРА МАКЕДОНИЈА: Лидерот на радикалната исламистичка БЕСА во интервју се заканува дека ќе ја редефинира Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Билал Касами е еден од основачите и претседател на Беса (во превод значи заклетва), партија во албанскиот политички блок која се залага за повеќе права и почит кон Албанците во Македонија. Според Касами, Беса, за помалку од две години, станала втора најголема партија на албанската заедница во Македонија. Тоа се покажа и на минатонеделните предвремени парламентарни избори, на кои резултатот кој го постигна оваа партија беше вистинско изненадување. Беса освои 5 пратенички мандати и со тоа, како што во една прилика посочи Касами, се покажа дека Беса и е зад петици на ДУИ.

bilall-kasami

Касами објаснува дека Беса нема класична структура на партиското раководство, туку дека таа обединува група на луѓе кои имаат еднаково учество во нејзиното раководење и оти тие се обединети во нивната определба за борба против, како што вели, широко распространетата дискриминација кон Албанците.

Стои цврсто зад амбициозната цел за „редефинирање“ на Македонија, базирано на принципите на владеење на правото, демократијата и слободата, вели тој.

Касами смета дека Македонија може да функционираат врз основа на консензус, со што ќе се спречи концентрацијата на моќ во рацете на една етничка група.

„Само тогаш Албанците ќе ги добијат своите индивидуални и колективни права и тоа е главната цел на партијата“, вели Касами за БИРН.

Лидерот на Беса нагласува дека Македонија функционира како моноетничка држава и оти нејзините институции не ја одразуваат мултиетничката реалност во државата. Според Касами, повеќе од 40 отсто од населението се припадници на етничките групи.

„Не можеме повеќе да толерираме на најважните државни функции да бидат поставувани исклучиво припадници на Македонците“, вели Касами.

– И покрај тоа што имаше многу притисоци кон нашите гласачи, и покрај тоа што ДУИ ги уценувала административците, Движењето Беса, како што се очекуваше, излезе како победничко изненадување на овие избори. Ние продолжуваме со нашата политичка борба за гласачот да го ужива правото коешто е основно човечко право, правото на глас, и никој да не го нарушува тоа право – рече Касами по изборите.

zaev-besa

Касами е уверен дека партијата која ја предводи може да помогне во воспоставувањето на рамнотежа на власта во земјава, бидејќи партијата главно ја сочинуваат млади интелектуалци кои се школувале на Запад и кои не чувствуваат никаков комплекс на инфериорност.

Беса беше дел од маршот што се одржа на 9 мај, со кој беше одбележана првата годишнина од вооружените судири во Куманово, во кои загинаа 10 вооружени Албанци и 8 полицајци. На маршот учествуваа повеќе од 20.000 луѓе, а демонстрантите побараа да се формира специјален суд кој ќе се занимава со високопрофилираните случаи во кој се инволвирани Албанци.

Касами некои го обвинуваа дека е поврзан со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и дека партијата наводно се финансира од Анкара. Касами ги отфрли ваквите обвинувања посочувајќи дека партијата ја финансира нејзиното членство и фирми донатори.

– Да се наметнуваат обвинувања за ваква ориентација од страна на оние што за идеолошка основа ја имаат Русија, комунизмот, марксизмот-ленинизмот, навистина е неморално, но ете, во политиката сѐ е можно и тие го искористија ова политичко право за да го обвинуваат Движењето Беса и покрај фактот што Беса е единствениот автохтон, автентичен и автономен политички субјект на Албанците во Република Македонија – рече Касами.

bilal-kasami-890x395

Тој смета дека ДУИ и ДПА не биле во служба на својата гласачка база. Тој обвинува дека тие функционираат речиси како приватни корпорации кои им служат на интересите на нивните лидери, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Касами цврсто стои зад амбициозната цел за „редефинирање“ на Македонија, базирано на принципите на владеење на правото, демократијата и слободата.

– Сѐ додека на високите политички функции, како што се функциите претседател, премиер, претседател на Собранието, министер за внатрешни работи, за финансии и за надворешни работи, не биде поставен Албанец, Македонија секои 10 или 15 години ќе се соочува со длабока политичка криза – ќе каже Касами во една прилика.

Лидерот на Беса се залага за ревизија на одредбите од Охридскиот рамковен договор, бидејќи „15 години подоцна, тој и натаму правилно не се применува,а ситуацијата за Албанците во Македонија е полоша отколку во 2001 година“.

– Охридскиот договор е потпишан под притисок, за време на вооружениот конфликт и затоа време е за нов договор, кој ќе биде потпишан во мирнодопски услови – дециден е Касами.

policija_monstrum

Според него, Беса е спас за Албанците, бидејќи ако не се појавела навреме, албанските гласачи повторно ќе се определеле за ДУИ.

Касами е роден во 1975 година во Тетово. Студирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на кој дипломирал во 2000 година. Оженет е и има две деца.

Касами влегува во политиката на почетокот на 2000 година, а како член на ДУИ, која е дел од владината коалиција, во периодот меѓу 2004 и 2006 година, поставен е за државен секретар во Министерството за економија. Следните две години работи како висок функционер во македонската царина.

Касами ја напушта ДУИ во 2008 година, тврдејќи дека таа застранила од својата платформа за обезбедување на поголеми права за Албанците. Станува член на новоформираната Нова демократија, која се распадна во 2011 година, откако не успеа да освои ниту една пратеничко место на изборите.

Во тоа време работел како асистент на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, а во политиката се враќа во 2014 година.

Вели дека се чувствувал принуден да се врати во политиката, тврдејќи дека Албанците се понижени, бидејќи финансиите и инвестициите, вели тој, се насочуваат кон мнозинското македонско население.

(Интервјуа дадени за Балкан инсајт и Слободен печат)

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This