БЕСНИОТ РОТФАЈЛЕР СМЕСТЕН ВО АПАРТМАН ЗА КУЧИЊА: Пред да биде испратен во Италија, ротфајлерот кој искаса деца сместен во апартман за кучиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во апартманот за кучиња „Гиовски“ кај велешко Војница привремено е сместено кучето ротфајлер, кое пред четири месеци искаса пет деца во скопската населба Аеродром и уште три лица во населбата Гази Баба во Скопје

Ова денеска на новинарите им го потврди Ристе Гиовски тренер-дресер на кучиња, сопственик на апартманот за куќиња. Тој го покажа кучето пред медиумите и информира дека по привременото сместување кај нив кучето-бездомник деновиве ќе оди за Италија.

– Кучето е во нормална состојба, социјализирано и не постои никаква опасност од него. Кучето за кратко време треба да оди за Италија, иако правевме напори да се вдоми во Македонија, но не успеавме да го вдомиме тука. Договорено е уште претходно да оди во Италија, но не знаеме дали ќе биде сместено во пансион или ќе биде вдомено. Сигурно може да потврдиме дека ќе оди во Италија, рече Гиовски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This