April 24, 2024, 12:34 pm

БЕСПЛАТНИ ЗДРАВИ ОБРОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД ГАЗИ БАБА: Семејствата ќе можат лесно да се стекнат со нов дом во Гази Баба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дојде време на политички реваншизам каде што се даваат големи казни за најмали прекршоци, кои се политички од спротивната страна на власта, а најтешките криминалци и сторители на свирипи убиства по етничка основа се пуштаат на слобода, ова денеска од митингот во Автокоманда го потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Сето ова време додека тие прават спектакли економијата тоне, индустриското производство паѓа, а се намалува и девизните резерви. Од странски инвестиции нема ништо, а и постојните размислуваат за заминување, просечната плата не расте како што тие ветуваа, таа паѓа, а зголемување на пензиите нема иако имаше ветување. Наспроти лагата на СДСМ за зголемување на пензиите во времето на ВМРО-ДПМНЕ без малку дупло се зголемија и тоа е разликата помеѓу нив и нас. Сиромаштијата расте, државата е на колена, но тие не заборавија да го склучат штетниот договор со Бугарија уште првата недела од нивното доаѓање на власт. Ние немаме никаков проблем за Бугарија, таа е наш сосед и ние треба да живееме во слога и хармонија, но тие го прифатија откажувањето на македонското малцинство во Бугарија, како и прогласување на заедничка историја. Тие го најавуваат и договорот со Грција каде што планираат да прифатат се и да го променат името, јазикот, нацијата и ќе го лажат народот преку медиумите дека сето тоа е добро и дека треба да бидеме среќни, тоа е ре- дефинирањето на државата, истакна Груевски.

Тој додава дека нема да дозволат тие да бидат скршени ниту пак да бидат уплашени бидејќи заеднички ќе се спротистават на оваа власт.

-Да не дозволиме апсолутна власт во државата, да не дозволиме да ги одземат бастионите на ВМРО-ДПМНЕ, од нас зависи. Во сите овие години кога тие беа на власт, но и овие пет месеци тие не направија апсолутно ништо, ниту еден проект за Гази Баба. Општината во 2006-та година кога дојдовме на власт имаше се на се 7.400 вработени, а сега има над 15.400 вработени, повеќе од двојно и тоа е разликата помеѓу нас и нив. Ние ќе останеме доследни во Гази Баба, Бутел, Кисела Вода за кои сме убедени дека ќе ја добијат поддршката нашите кандидати во вториот круг. А во овие општини ќе донесеме и најмалку 30 нови инвеститори и такви луѓе им требаат на оваа држава, што ќе отвораат нови работни места и ќе помагаат на луѓето, а не луѓе кои ќе владеат со сеење страв и уцени, рече Груевски.

Груевски најави и бесплатен здрав оброк за учениците од прво до петто одделение како и стекнување на сопствен дом на семејствата од Гази Баба со симболична почетна цена од 1 евро по квадрат и со ослободување на комуналиите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This