БЕСПЛАТНИ НОЌЕВАЊА, АВИО БИЛЕТИ, ЛЕЖАЛКИ: Земјите со примамливи понуди ја отвараат летната сезона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За разлика од северот на Италија, Сицилија не беше погодена од kpизата и тие се подготвени да ја отворат летната сезона. За да привлечат што е можно повеќе туристи, островските власти сфатиле како да ги стимулираат и туристите и локалната економија. Секој турист кој плаќа најмалку три ноќи во Сицилија, ќе ја добие секоја четврта вечер на нивни трошок. Државата издвои 50 милиони евра за уште еден стимул – ќе плати половина од авионскиот билет на туристите кои ќе слетаат на аеродромите во Катанија или Палермо!

Бугарија е поскромна во стимулирање на туристите, но оние кои ќе решат да го поминат годишниот одмор на Црното Море, можат да очекуваат бесплатна употреба на лежалките и чадорите.

Јапонија издвои 12,5 милијарди долари за да го охрабри туризмот. Првиот чекор е да се покријат половина од цената на билетите за авион. Други субвенции ќе бидат дистрибуирани до локалните претприемачи за туризам.

Мексико веќе објави примамливи попусти и бесплатни бенефиции. На пример, локалните медиуми објавија изјава од здружението на хотелиери во најпознатото летно одморалиште Канкун, кое ја осмисли кампањата „2+1“. Ова значи дека секоја трета вечер ќе биде бесплатна за туристите, а ќе покрие и дел од цената на авионскиот билет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This