March 29, 2024, 12:51 am

БЕСПЛАТНО УЧЕЊЕ РУСКИ ЈАЗИК: Бесплатно изучување на рускиот јазик на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од почетокот на новата академска година ќе спроведе активности за бесплатно изучување на рускиот јазик за сите заинтересирани граѓани на Република Македонија.

– Крајниот рок за поднесувањето на пријавата е 5 септември до 20 часот. Идејата е да им се даде можност на сите оние што се заинтересирани за изучување на рускиот јазик да можат да го сторат тоа сосема бесплатно, соопшти Рускиот центар при УКИМ.

Право на учество на конкурсот имаат сите граѓани на Република Македонија. За пријавување потребно е да се пополни пријавата која може да се најде на интернет-страницата на Универзитетот www.ukim.edu.mk во секцијата документи/огласна табла. Пополнетата пријава може да се испрати по електронски пат на е-адресата: ruskicentar@ukim.edu.mk или да се поднесе лично во просториите на Рускиот центар на булевар „Теодосиј Гологанов“ број 28, трети кат на 4 и на 5 септември од 17 до 20 часот.

Кандидатите кои ќе аплицираат за повисок степен од кое било од трите рамништа потребно е да достават и копија или скенирана копија од сертификат за соодветно претходно ниво издаден од Рускиот центар при УКИМ или од други институции.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This